Регион 08. мај 2018. / 16:04

Пред Евровизија: Претстаавникот на Србија итно пренесен во болница

Пред Евровизија: Претстаавникот на Србија итно пренесен во болница

Оваа година музичкиот натпревар „Евровизија“ ќе се одржи во Португалија, а Србија ќе ја претставува „Балканика“ и Сања Илиќ.

Според неофицијалните податоци, пејачот на „Балканика“, Младен Лукиќ синоќа бил итно пренесен во болница.

Поради високиот притисок тој бил веднаш пренесен во болница каде примал терапија.

-Се е во ред. Веројатно му падна иминутетот. Важно е дека се чувствува добро и дека во четврток ќе настапува, велат од ПР на групата „Балканика“.

За потсетување, вечерва ќе се одржи полуфиналната вечер, а македонски претставници се „Ај кју“ со песната „Изгубено и најдено“, кои ќе настапат по реден број 11.