Регион 13. јануари 2019. / 18:55

Пожар во фабриката за велосипеди ,,Рог”

Пожар во фабриката за велосипеди ,,Рог”

Огнот проглта неколку простории и дел од кровната конструкција на словеченката фабрика за велосипеди „Рог“, а точната причина за пожарот се утврдува, јавија словенечките медиуми.

Пожарот избил рано утрово во просториите на некогашната фабрика за производство на велосипеди „Рог“ во Љубљана, при што уништени се неколку простории и дел од покривот, а едно лице поради вдишување чад е пренесено во болница.

Пожарникарите го изгасија огнот, а точната причина се утврдува, соопшти полицијата.

Огнот избил на првиот кат каде имало печка на дрва, а потоа се проширил на другите простории.

Фабриката „Рох“, која некогаш ги произведуваше најпопуларните велосипеди во поранешна Југославија, престана со работа во 2006 година, кога беше претворена во центар за алтернативна култура.

Се простира на 7.000 квадрати и опфаќа неколку објекти во центарот на Љубљана.