Регион 06. јануари 2021. / 08:11

Послаб потрес ги разбуди жителите на Сисак и околината

Послаб потрес ги разбуди жителите на Сисак и околината

Жителите на Сисак и околината беа разбудени утрово во 6,37 часот од друг слаб земјотрес.

Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, а јачината на земјотресот била 1,8 според Рихтер.

Тоа бил 60. земјотрес во Хрватска во последните 71 час. Земјотресот, оддалечен 17 километри од Петриња и 35 километри од Загреб, а многумина го почувствуваа.

„Се чинеше дека е нешто посиен од 1,8“, напиша жител на Петриња, додека жителите на Загреб коментираат дека почувствувале силен потрес кој не траел долго.