Регион 21. јуни 2018. / 11:17

Поради бизарна причина со 30 убоди ја убила другарка и ,и на крај ја запалила

Поради бизарна причина со 30 убоди ја убила другарка и ,и на крај ја запалила

Првостепена пресуда од судот во Зајечар добила 35-годишната Марина Савиќ од Зајечар, осудена на 15 години затворска казна, бидејќи во април 2017 година со повеќе од 30 убоди со кујнски нож ја убила својата блиска пријателка и сосетка, 49-годишната Мирјана Костиќ.

Веднаш по убиството во станот избил пожар во кој изгорела убиената Костиќ, а дека станува збор за убиство се дознало после обдукцијата. Истрагата веднаш започнала, а дека убиецот е Савиќ се открило благодарејќи на надзорните камери кои соседот ги имал пред врата.

На снимката јасно се гледа како Савиќ непосредно по пожарот излегува од станот на настраданата жена. Осомничената прво го негирала злосторството, но потоа признала. Единстевно што не признала е дека подметнала пожар, туку дека печката го предизвикала оганот.

Причина за убиството се пари. Убиената ја продала гаросинерата, имала средства, но не сакала да ѝ позајми на Савиќ, по што таа се налутила, го дофатила кујнскиот нож и тргнала да ја убива.

Кога пожарникарите ја извлекле Костиќ таа сѐ уште била жива. Починала половина час после тоа во болница, бидејќи освен убоди, нејзиното телот имало 80% опекотини.