Регион 25. август 2018. / 13:34

Половина тон марихуана од Албанија запленета во Италија

Половина тон марихуана од Албанија запленета во Италија

Италијанската полиција заплени 535 килограми марихуна што со моторен чамец од Албанија ја транспортирале двајца Албанци.

Уапсени се Г.Д. (46) и С.В. (38), двајцата од приморскиот град Валона, кои со чамецот се движеле кон крајбрежјето на Бриндизи.

Кога ја забележале поморската полициска патрола се обиделе да избегаат, но не успеале во тоа. Пред италијанскиот суд ќе одговараат за „меѓународна трговија со дрога“.

Акцијата на италијанската полиција била поддржана од воздух од силите на Фронтекс.

Според првичните проценки на полицијата, на која се повикува ТВ „Ора њуз“ од Тирана, доколку дрогата стигнела на црниот пазар би достигнала вредноста од пет милиони евра.

Во изминатиот период од годинава само во тој регион се запленети 12 пловни објекти и околу 13 тони марихуана што пристигнале од Албанија. Притоа се уапсени вкупно 31 шверцер.