Извештајот на Светската банка „Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија“ покажува дека половина од граѓаните родени во БиХ повеќе не живеат во неа. Ова значи дека скоро половина од населението, 49,5 проценти, ја напуштило земјата.
Од европските земји, зад Босна и Херцеговина е Албанија со 39,8 проценти, додека четвртина од Македонците (25,7 проценти) родени во земјата сега живеат надвор од неа.
Хрватска ја напуштила една петтина од населението (21,9 проценти), како и Црна Гора.
Во извештајот се наведува, меѓу другото, дека високо квалификувани лица сочинуваат 55 проценти од вкупниот број на иселеници од БиХ.