Регион 13. април 2020. / 09:35

Политички превирања во Турција: Сојлу поднесе оставка по критиките за полицискиот час, Ердоган не ја прифати

Политички превирања во Турција: Сојлу поднесе оставка по критиките за полицискиот час, Ердоган не ја прифати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Претседателот не ја прифати оставката на нашиот министер за внатрешни работи, тој ќе продолжи да ја извршува неговата должност – соопштија од кабинетот на шефот на турската држава.

Солју претходно на Твитер соопшти дека се повлекува од функцијата откако беше изложен на критики поради воведениот викенд полициски час во поголемите градови во земјата, како одговор во борбата со ширењето на пандемијата на корона вирусот.

Турција во петокот вечерта соопшти дека во сила стапува дводневен полициски час во текот на викендот, а во пресрет на неговиот почеток голем број луѓе ги преплавија продавниците во Истанбул, град со 16 милиони жители, како и во другите градови, за да се снабдат со храна и пијалоци.

Одлуката одеднаш да се воведе полицикси час ја критикуваа голем број граѓани ширум земјата, од кои многумина укажаа на тоа дека со таквиот потег се зголемува ризкот од ширење на вирусот.