Регион 17. април 2020. / 21:07

По 126 нови случаи, бројот на починати од корона вирус во Турција се зголеми на 1.769

По 126 нови случаи, бројот на починати од корона вирус во Турција се зголеми на 1.769

Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со корона вирусот, нагласи дека се регистрирани нови 4.353 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 78.546.

Коџа информира дека досега 8.631 пациент е излекуван од овој вирус.

Турскиот министер изјави дека во последните 24 часа биле извршени 40.270 тестирања, додека вкупниот број на извршени тестирања во земјата изнесува 558.413.

Коџа рече дека моментално 1.845 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.