Протестите во Белград се одржуваат и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица на јавно место, како дел од мерките за борба против коронавирусот.
На синоќешните демонстрации повредени се 14 полицајци, уапсени се 71 хулигани, а од почетокот на насилните протести повредени се најмалку 130 полицајци кои морале да побараат лекарска помош, изјави директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.
19.00 часот пристигнуваат првите демонстранти
Група демонстранти се движи кон Домот на националното собрание. Повеќето од нив носат икони, пренесе Блиц.рс
Група екстремни демонстранти, исто така, се обидоа да влезат во зградата на Собранието минатата ноќ и неколкупати ја нападнаа полицијата, пукајќи солзавец и упаднале во платото.
Поранешниот член на Двери, Срѓан Ного, беше изведен денес во Вишото јавно обвинителство во Белград. Деновиве, тој честопати се споменува во јавноста како еден од неформалните лидери на десничарските групи кои правеле немири во главниот град.
Протестите во Србија започнаа во вторникот вечерта по најавата за враќање на полицискиот час во Белград заради борбата против коронавирусо. Протестите брзо се проширија и во другите градови во Србија – Ниш, Нови Сад, Крагуевац, Суботица, Ваљево, Врање, Зрењанин, Лесковац ..