Регион 27. јули 2020. / 11:08

Пет војници загинаа а десет се повредени во Турција

Пет војници загинаа а десет се повредени во Турција

Петмина турски војници загинаа, а десет се хоспитализирани, откако автобус со кој се превезувале се превртел во провинцијата Мерсин, во јужниот дел на Турција.

Освен нив загинал и возачот на автобусот. Повредените војници веднаш биле пренесени в болница со тешки повреди. Засега не е познато која е причината за инцидентот.