Регион 18. август 2018. / 13:56

Откако ,,мртов пијан” предизвикал судар, си го запалил автомобилот (ВИДЕО)

Откако ,,мртов пијан” предизвикал судар, си го запалил автомобилот (ВИДЕО)

Маж од Пријепоље, Србија, направил вистински метеж ноќеска, по што бил приведен од полицијата.

Србинот бил пијан со алкохол во крвта од 1,76 промили , кога направил сообраќајна несреќа. мажот , на возраст од 32 години , ноќеска нешто по 1 часот удрил во друго возило во близина на местото Дражевиќи.

Пијаниот возач избегал од местото на несреќата , отишол во една од околните населби на Пријепоље и си го запалил автомобилот среде улица.

Полицијата го привела и ќе му поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.