Регион 15. август 2020. / 09:00

Од денеска задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Од денеска задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Од денеска Србија воведува задолжителен ПЦР тест за македонските државјани.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на предлог на институтот за здравје, српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПЦР тест за влез во Србија.

Одлуката стапува на сила денеска, 15 август а тестот не треба да е постар од 48 часа. За деца помлади од 12 години, ваков тест не е потребен и нема да се бара.

За професионалните возачи исто така оваа одлука за задолжителен ПЦР тест нема да важи, но тие за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Србија од еден премин до друг.