Регион 21. април 2020. / 09:08

Од четврток во Турција ќе има четири дена полициски час во 31 град

Од четврток во Турција ќе има четири дена полициски час во 31 град

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе воведе четиридневна карантин во 31 град в четврток, како мерка за борба против корона вирусот.

Во Турција и во претходните два викенда имаше режим на самоизолација во 31 град, но овојпат полицискиот час ќе биде продолжен поради националниот празник на Турција, кој е в четврток, 23 април.

По состанокот на кабинетот Ердоган изјави дека Турција се стреми да ја намали заразата на ниво што ќе го нормализира животот по верскиот празник на Рамазан Бајрам кон крајот на мај.