Регион 02. декември 2019. / 10:32

Нови земјотреси во Албанија, БиХ, Црна Гора и Грција

Нови земјотреси во Албанија, БиХ, Црна Гора и Грција

Тлото не се смирува, регистрирани се нови земјотреси. Нов силен земјотрес од 4.3 степени по Рихтер ја потресе Албанија утринава. Епицентарот бил на 25 километри северозападно од Тирана околу 09.30 часот.

Досега бројот на загинати од земјотресот е 52, додека стотици жители се евакуирани од своите домови.

Земјотреси исто така се регистрирани и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција.