Регион 07. јануари 2021. / 20:21

Нови потреси во Петриња: 57 земјотреси регистрирани за 73 часа

Нови потреси во Петриња: 57 земјотреси регистрирани за 73 часа

Нов земјотрес ја стресе централна Хрватска. Според медитеранскиот сеизмолошки центар, тој бил со јачина од 3,5 Рихтер. Ова е 57. земјотрес што се случи на овие простори во последните 73 часа, јави ХРТ.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека е регистриран прилично силен земјотрес со епицентар на 9 километри југозападно од Сисак во 18 часот и 24 минути.

-Јачината на земјотресот беше 3,9 степени според Рихтеровата скала, објави службата.

Земјотресот бил почувствуван и на подрачјето на Загреб.

Денес е единаесетти ден откако тлото во областа Бановина продолжува да се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер што ги погоди Петриња и околината.