Регион 27. јуни 2018. / 18:05

Нови детали за хоророт на плажа: 26 – годишно момче е убиено, повредени туристи

Нови детали за хоророт на плажа: 26 – годишно момче е убиено, повредени туристи

Според најновите информации на хрватските медиуми, пред ноќен клуб на популарната плажа Зрче изутринава биле нападнати повеќемина странски државјани, од кои еден е убиен.

Настрадал 26-годишен Британец, додека двајца се повредени,а еден од нив се наоѓа на интензивна нега поради сериозноста на повредата.

Во полиција се приведени повеќе лица.

Штабот задолжен за безбедносни мерки за време на туристичката сезона соопшти дека во тек е истрага за нападот кој се случил во 5:30 часот изутринава пред ноќен клуб.