Регион 15. јануари 2021. / 13:55

Нов земјотрес во близина на Петриња

Нов земјотрес во близина на Петриња

Нов земјотрес со умерен интензитет е регитриран денеска нешто после 13 часот, со епицентар во близината на хрватскиот град Петриња, кој на крајот од минатата година го погоди силен земјотрес по кој загинаа седум лица.

Земјотресот бил со интензитет од 3,9 степени, а се почувствувал и во Загреб.

Земјотресот бил на длабочина од 14 километри.

Ова е уште еден од повеќе од стотина умерени земјотреси кои се случија на ова подрачје во изминатите 30 дена.