Регион 19. јануари 2020. / 14:13

Земјотрес во Албанија, непосредно на границата со Македонија

Земјотрес во Албанија, непосредно на границата со Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала, пред десетина минути го погоди источниот дел на Албанија, непосредно на границата со Македонија.

Земјотресот бил почувствуван и во северните делови од нашата земја, во околината на Маврово, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово па дури и во Скопје.

Ова е уште еден земјотрес од серијата која се случуваат во Албанија во последните 4-5 месеци. Земјотрес утринава имаше и во Грција.