Регион 01. февруари 2020. / 07:48

Нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес во Албанија

Земјотрес со јачина од четири степени синоќа го погоди албанскиот крајбрежен град Драч, соопшти националниот геофизички институт.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 36 километри, пренесе агенцијата АТА.

Засега нема извештаи за евентуални штети и повредени.

Во ноември минатата година Албанија беше погодена од серија земјотреси во кој загинаа повеќе од 40 луѓе.