Нов земјотрес вечерва ја погоди Албанија, според информациите земјотресот бил со јачина од 4.3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил седум километри од Рогожина и 37 километри од Тирана.
Земјотресот не предизвикал паника кај населението бидејќи траел кратко. За потсетување Албанија на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес во кој животот го загубија 51 лица додека илјадници беа повредени.