Регион 08. јануари 2021. / 18:03

Нов земјотрес и денеска го погоди Сисак – сеизмолозите предупредуваат на нови и посилни земјотреси

Нов земјотрес и денеска го погоди Сисак – сеизмолозите предупредуваат на нови и посилни земјотреси

Нов земјотрес денеска го потресе хрватскиот град Сисак.

Во 15.19 часот на подрачјето на Сисак повторно е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Епицентарот е на 19 километри југозападно од Сисак, а се почувствувал од Банија до Загреб. Хрватска со денови ја тресат земјотреси. Само денеска има повеќе потреси. Петриња, Глина и Сисак беа најпогодени места.

Сеизмолог открива каде е можно да има нови земјотреси по силниот потрес во Хрватска.

– За еден земјотрес со јачина од 6,4 степени треба да се очекуваат најмалку три земјотреси со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што беше забележано и во следните земјотреси кај Петриња. Дури и овие помали земјотреси можат да бидат опасни и штетни и да остават штета на зградите што се градат само направени од цигли, изјави сеизмологот Славица Радовановиќ за РТС.