Потресот што денеска се почувствува во Загреб е поврзан со земјотресот од март минатата година, а не со разорниот земјотрес од 6,3 степени што ја погоди централна Хрватска.
Утрово во 9:20 часот е забележан слаб земјотрес со епицентар во загрепското Ремете. Како што рече шефот на сеизмолошката служба, Инес Иванчиќ, во програмата на Радио Сjеме, јачината била 2,7, а потресот можел да се почувствува низ целиот Загреб и неговата околина.
Претходно, Европската медитеранска сеизмолошка служба објави дека, според прелиминарните податоци, големината била 2,4 степени и дека епицентарот бил на 8 километри северо-источно од центарот на Загреб.