Регион 13. април 2018. / 14:56

Несреќа кај Софија – шест мртви, 20 повредени

Несреќа кај Софија – шест мртви, 20 повредени

Најмалку шест лица загинаа, а 20 се повредени кога на автопат во близина на Софија се преврте автобус, соопшти бугарското министерство за здравство.

Како што се наведува, меѓу повредените е и дете. Националната радио станица пренесе дека 19 лица се префрлени во болница во Софија и дека две се во критична состојба.

Несреќата се случила на 28 километри источно од Софија. Автобусот се преврте по сударот со автомовбил, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава на сопственикот на автобусот.