Ципрас и праќа јасна порака на македонската влада дека Преспанскиот Договор може да не биде ратификуван во Грција. Изјавата на Заев за изучување македонски јазик во Грција, официјална Атина ја прими како сериозна провокација, па оттогаш пораките до Скопје не стивнуваат.
Грчкиот премиер кој досега беше воздржан сепак не издржа- за прв пат по потпишувањето на Преспанскиот Договор, му испрати јасна порака на неговиот македонски колега и остави отворен прозорец Договорот да не биде ратификуван во Грција.
– ФИРОМ мора да го почитува духот и словото на Договорот за Преспа. Ако ова не е сторено, ние и самите и на сите им објавивме дека ниту Договорот, ниту пристапот на земјата во меѓународни организации нема да продолжат. Се чека со големо внимание завршувањето на уставниот процес и ние даваме пораки таму каде што треба да се дадат – во јавната дебата не треба да се бара сензационализам. – порача грчкиот премиер.