Регион 30. јануари 2020. / 14:54

Протест на навивачите на ПАОК – Нападнаа канцеларии на пратеници на Нова демократија

Протест на навивачите на ПАОК – Нападнаа канцеларии на пратеници на Нова демократија
Протест на навивачите на ПАОК

Навивачи на ПАОК со летоци и слогани на ѕидовите нападнаа канцеларии на пратеници од Нова демократија во Солун.

Навивачите „ги посетија“ канцелариите на генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија, Ставрос Калафатис и на пратеничката, Елена Рапти.

За инцидентите реагираше и портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас.

– Ја разбираме љубовта на навивачите на ПАОК за нивниот тим, но сметаме дека е неприфатлив било кој облик на насилство. Ги осудуваме нападите на политичката канцеларија на Генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија, Ставрос Калафатис и пратеничката од Солун, Елена Рапти. За насилството нема место во демократијата – порача Пецас во писмен изјава.

Според солунските медиуми, биле нападнати уште две канцеларии на пратеници на владејачката партија.

Навивачите на ПАОК попладнево во Солун ќе одржат протест против амандманот што вчера го донесе грчката Влада и беше изгласан од Парламентот, а според кој клубот се соочува со одземање на пет до 10 бодови.