Регион 23. август 2020. / 18:30

Најмалку четворица загинати во поплавите во Турција

Најмалку четворица загинати во поплавите во Турција

Најмалку четири лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати во поплавите што го погодија турскиот брег на Црно Море, изјави денеска министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Тој додаде дека од надојдената вода спасени се 133 луѓе.

Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта поради што се евакуирани станарите од станбените згради во провинцијата Риза.