Регион 01. март 2020. / 09:40

Надоаѓа мигрантскиот бран: Преку 76 илјади мигранти ја напуштиле Турција на пат кон Балканот

Надоаѓа мигрантскиот бран: Преку 76 илјади мигранти ја напуштиле Турција на пат кон Балканот

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солју информира дека Турција досега преку Едрене ја напуштиле 76.358 мигранти.

– До 10 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштиле 76.358 мигранти – објави Солју на Твитер.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно вчера изјави дека земјата и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите доколку продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.

Што кажавме пред неколку месеци? Кажавме дека ќе мораме да ја отвориме нашата граница доколку кризата продолжи. Се вознемирија, но не ни поверуваа. Што направивме вчера? Ја отворивме. До изутринава границата ја минаа приближно 18.000 мигранти – кажа вчера Ердоган.

Притоа тој порача дека ЕУ мора да ги оддржи ветувањата кои и ги дала на Турција во врска со помошта во соочувањето со мигрантската криза.