Регион 13. април 2020. / 11:10

Над 10.000 вработени во туризмот отпуштени поради корона вирусот во Словенија

Над 10.000 вработени во туризмот отпуштени поради корона вирусот во Словенија

Повеќе од 10.000 вработени во туризмот во приморските градови во Словенија останале без работа поради епидемијата на корона вирусот и ограничувањето на движењето.

Како што информираат од Крајбрежната синдикална организација, во овој период лани, 54 отсто од сместувачките капацитети во приморските градови во земјата биле исполнети, а сега поради епидемијата тие се комплетно затворени.

Според најоптимистичките предвидувања, хотелите и рестораните во Копер, Изола, Пиран, Порторож и Анкаран ќе бидат отворени кон средината на мај.

Во Словенија веќе има идеја која се почесто се споменува во медиумите, а тоа е летните одмори Словенците да ги поминат дома во земјата и на тој начин директно да му помогнат на туризмот, тешко погоден од епидемијата на корона вирусот.