Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од колегите од Република Грција сме информирани дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 05.00 часот на 17.02.2021 до 08.00 часот на 18.02.2021 ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај.
Исто така, ве известуваме дека товарниот сообраќај на Граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од денеска.