Според неофицијални податоци на жители од Миратовци во Србија на границата со Македонија по илегален пат попладнево влегле повеќе од педесетина мигранти од Авганистан, Сирија, Ирак и Алжир.
Новинар на српски „Данас“ воочил на Автобуска станица десетина мигранти кој на пат кон Белград тргнале со автобус од Врање, уредно купувајќи карти за редовна линија.
Граничната полиција на преминот со Македонија за Данас изјавиле дека е зајакната контролата на границата во што им помагаат колеги од Унгарија, како и дека во просек „илегални преминувања има помеѓу 20 и 30 лица“ кои се сместуваат во Прифатниот центар во Прешево каде има доволно место.
-Не можеме здравствено да ги контролираме мигрантите кои илегално, заобиколувајќи ги осфицијалните премини влегуваат во Србија. Тоа го зголемува ризикот од корона вирус, но и други заразни болести. Тука сме немоќни, вели полициски извор за Данас.
На југот на Србија постојат три прифатни центри за мигранти. Еден во Прешево, втор во Бујановац, и трет во Врање. Во сите прифатилишта постои постојано дежурство од претставници на Комесаријатот за мигранти, а сместени се преку 600 мажи, жени и деца мигранти од кои многу малку побарале азил во Србија.