Во Атина, за Бадник, двајца мигранти од Сирија претепале православен свештеник.
Нападот се случил пред црквата Св. Никола во атинскиот дел Патисиа.
Свештеникот при влегување во црквата забележал дека мотор е неправилно паркиран во градината на црквата. Тој го предупредил сопственикот да го тргне моторот. Но, сирискиот мигрант, кој бил сопственик, заедно со неговиот колега физички го нападнале свештеникот.
Од ударите, свештеникот бил полесно ранет, а мигрантите избегаале од местото на нападот.
Полицијата веќе пронашла еден од напаѓачите, а по другиот сеуште се трага.