Регион 22. април 2020. / 15:23

Мицотакис и Рама размислуваат за обновување на сообраќајот меѓу Грција и Албанија

Мицотакис и Рама размислуваат за обновување на сообраќајот меѓу Грција и Албанија

Премиерите на Грција и на Албанија, Кирјакос Мицотакис и Еди Рама, во телефонски разговор ги споделиле плановите за постепено укинување на рестриктивните мерки за справување на пандемијата на корона вирусот.

Како дел од олеснување на мерките, Мицотакис и Рама се осврнале на изнаоѓање начин и термин за нормализирање на сообраќајот меѓу двете земји.

Минатата недела Грција донесе одлука за продолжување до до 15 мај на привременото ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Македонија и Албанија. Таа одлука, првично беше донесена на 15 март годинава.