Регион 30. јануари 2019. / 12:18

Мицотакис: Ципрас го брани Заев а ги напаѓа своите

Мицотакис: Ципрас го брани Заев а ги напаѓа своите

Лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, упати тирада од напади кон Алексис Ципрас откако грчкиот премиер за време на Седницата на земјите од југот на ЕУ во Кипар ја обвини грчката опозиција дека сакала да го спречи Преспанскиот договор, а истовремено не му забележува на македонскиот премиер Зоран Заев што се уште го користи името Македонија во говорот.

Грчката опозиција деновиве поентира од тоа што Заев во секојдневната комуникација се уште го користи терминот „Македонија“ без употреба на новото уставно име.

Вчера господинот Ципрас се осмели повторно да ги оспори Грците, тој не ги карактеризираше само како екстремно десни, туку и како да не умеат да размислуваат сите оние кои реагираа на Преспанскиот договор. На некој начин, тоа беше нервозно и неодговорно пред странските гости. Но, за господинот Заев, кој инсистира на именување на Македонија, не најде ниту еден збор да каже. Тој (Ципрас) не е само малцински премиер, туку и недостоен премиер кој ги дели луѓето. Грците ќе останат обединети, горди и достоинствени, и наскоро ќе му дадат одговор што го заслужува , рече Мицотакис.