Регион 15. октомври 2019. / 16:05

Медведев во сабота во посета на Белград

Медведев во сабота во посета на Белград

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ќе го посети Белград в сабота, на 19 октомври, соопштија од српското претседателство, по средбата на претседателот Александар Вучиќ со рускиот амбасадор Александар Боцан Харченко.

Како што се наведува, домаќин на рускиот премиер Медведев ќе биде српскиот претседател, а целта на посетата е заедничкото одбележување на 75-гошнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Се предвидува Медведев за време на посетата да се обрати и пред пратениците на посебна седница на српското Собрание.