Регион 19. ноември 2020. / 11:54

Мас по разговорот со францускиот колега: ЕУ може да го разгледа воведувањето санкции против Турција

Мас по разговорот со францускиот колега: ЕУ може да го разгледа воведувањето санкции против Турција

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас во четвртокот рече дека лидерите на Европската унија можат да размислат за воведување потенцијални санкции против Турција заради нејзините активности во Источен Медитеран во декември.

Маас претходно разговараше со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ивен Ле Дријан каде и двете страни се согласија дека треба да се реши проблематичното однесување на Турција на истокот на Медитеранот и пошироко, што вклучува заемна соработка во „борбата против тероризмот и радикализацијата“ што ја загрозуваат безбедноста на ЕУ.

Спорот на Турција со ЕУ, особено со Франција, кулминира за различни прашања, вклучувајќи ги и забелешките на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот и постапките на Анкара на истокот на Средоземното Море.