Регион 17. октомври 2019. / 10:00

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка.

Според неофицијални информации пренесени од медиуми од БиХ, малолетничката наводно се породила во стан во сараевската населба Алипашино Поле, каде го убила своето бебе. Наводно за сето време со неа била и нејзината мајка. Случајот излегол на виделина кога малолетничката завршила во Клиничкиот центар во Сараево. Лекарите утврдиле дека таа крвари по порадување, за што ја известиле полицијата.

Членовите на сараевската полиција ја уапсиле малолетничката и нејзината мајка. Мајката била сместена во затвор, а малолетничката во установа, пренесува Аваз.