Македонија и понатаму останува на црвената листа на Словенија, што значи задолжителен карантин од 14 дена по пристигнување во земјата, објави денеска Владата на Словенија.
На црвената листа на Словенците се вкупно 73 држави, меѓу кои Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово.
Србија денеска е тргната од црвената листа и преместена во жолта. На зелената листа, што значи влез во Словенија без никакви ограничувања и карантини се наоѓаат вкупно 19 држави.