Регион 25. декември 2018. / 11:28

Македонците биле привилегирани: Истрагата за бугарските пасоши продолжува

Македонците биле привилегирани: Истрагата за бугарските пасоши продолжува

„Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши”, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на изјава на сведок во истрагата која е актуелна во Бугарија, а во врска со скандалот со издавањето на државјанства, пренесува Вечер.

Ваквта инфорамција беше објавена на Бугарската национална телевизија, а од БТВ се повикуваат на сведок кој одблиску е запознаен со скандалот.

Според сведокот, биле ангажирани преку 100 „медијатори” кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

– Лесно можете да станете Бугарин, ако се вработите или основате претпријатије во Бугарија. Врз основа на трговските закони се добива статус на постојан претстој. Вториот начин е кога странските државјани на земји кои не се членки на ЕУ имаат фирми и издаваат документи за отворање на седиште во Бугарија. И трета опција, која се користи најчесто е со издавање на документ за бугарско потекло. – вели сведокот за БТВ.

Засега, македонското МВР нема добиено барање за вклучување во истрагата на бугарските органи на прогонот.