Дваесет и деветгодишната Јелена В. од Ваљњво, Србија е осомничена дека со голи раце го убила нејзиното штотуку родено бебе. Србинката вчера со обилно крварење била примена во болница, по што лекарите брзо констатирале дека штотуку се породила.
Јелена прво не откривала каде се наоѓа новороденчето, по што ѝ било одредено задржување до 48 часа поради кривично дело убиство на дете при раѓање.
Како што пренесува српски „Курир“, жената била мајка на две деца, а нејзиниот сопруг ја однел во болницата во Ваљево по обилното крварење.
Телото на нејзиното бебе било пронајдено во полскиот тоалет во семејниот двор.
Полицијата се сомнева дека таа со голи раце го задавила штотуку родениот син, го замотала во елек, па го фрлила во тоалетот. Според изворот, не се исклучува можноста дека дошло до насилно пораѓање.
Осомничената прво не сакала да зборува за настанот, а потоа тврдела дека имала спонтан абортус.
Соседите биле во шок и кажале оти не знаеле дека осомничената била бремена.