Мајка ги оставила 3-годишниот син и 9-годишната ќерка во слаткарница – истрчала и не се вратила.
Мајката С.А. со потекло од Косово, во понеделникот, на 3. септември, своите малолетни деца, синот кој има 3 години и ќерката која има 9 ги оставила во една слаткарница и избегала.
По напуштањето на децата заминала во Србија, каде се претпоставува дека сега се наоѓа. Децата преплашени и расплакани пронајдени се на улица пред слаткарницата околу 14 часот, по што биле преземени од службеници на полицијата и Центарот за социјална работа. Со оглед на тоа дека децата се од различни татковци, полицијата ги повикала и ги известила за ситуацијата, по што секој од нив го земал своето дете.
Татковците ја потврдиле оваа случка и рекле дека бараат целосно старателство над децата, бидејќи сметаат дека мајката сторила кривично дело – занемарување на дете.