Жена ги фрлаше работите во 7 часот наутро среде Загорска улица, летаат барски столчиња, маса, шишиња, теписи, патики, книги и сл., така очевидците ја опишаа ситуацијата на една од најфреквентните улици во Загреб.
Поради работите расфрлани на улица, сообраќајот бил блокиран, па дури не поминал ни автобусот на ЗЕТ број 118 поради што луѓето доцнеле на работа. Оние што се најдоа таму на социјалните мрежи објавија дека фрлањето на работите се случило поради љубовна драма.
–Загорска кај селска затворена! Девојката ги фрла работите на момчето, пишуваат тие.
Загрепската полициска управа потврди дека интервенирала во Загорска улица, а на жената и била укажана медицинска помош.
Zagorska kod selske zatvorena! Cura baca stvari pd dečka sa zgrade.. #Hrvatska #Zagreb pic.twitter.com/zMO6f0wiI0
— Kreshimir (@shokre_hrvoje) December 21, 2018