Регион 16. август 2018. / 12:20

Кривична за малолетник – им земал златни ланчиња од вратот на баби

Кривична за малолетник – им земал златни ланчиња од вратот на баби

Полицијата поднела кривична пријава против 17-годишник, кој во јули и август им приоѓал на баби во Ниш и им ги земал златните ланчиња од вратот, пренесува српски „Курир”.

Материјалната штета била проценета околу 120.000 српски динари.

-Се сомневаме дека малолетникот извршил шест кривични дела „тешка кражба” на многу дрзок начин кон стариците-рекле од полицијата.

Кривичната пријава била поднесена во редовна постапка, што значи дека младиот разбојник бил веднаш пуштен на слобода.