Регион 22. ноември 2020. / 09:38

Ковид-19: Рекорден број на заразени во Грција и Турција, на сила се строги мерки

Ковид-19: Рекорден број на заразени во Грција и Турција, на сила се строги мерки

Грција објави рекорден дневен биланс на жртви од ефектите на Ковид-19, а Турција забележа најголем број на заразени од почетокот на епидемијата.

Грција вчера пријави 108 смртни случаи од ефектите на коронавирусот, бидејќи болниците во северниот дел на земјата се под притисок, а се помалку легла имало на одделенијата за интензивна нега.

По двомесечното затворање во март, зголемувањето на бројот на заболени од октомври ја принуди владата повторно да се затвори овој месец. Бројот на новоинфицирани вчера бил 2311, така што вкупниот број на случаи во Грција сега е 90.121, а бројот на смртни случаи е 1527.

Турција вчера го забележа својот најголем дневен број на заразени, 5.532, од почетокот на епидемијата во земјата. Во последните 24 часа починале 135 лица.

Анкара објавува само симптоматски случаи на коронавирус од јули, а критичарите велат дека ги крие вистинските размери на епидемијата.

Во борбата против Ковид-19, Турција викендов воведе полициски час и го ограничи работењето на рестораните, кафулињата и трговските центри.