Регион 31. декември 2020. / 18:28

Косово дава 100 илјади евра помош за Хрватска

Косово дава 100 илјади евра помош за Хрватска

Косово ќе донира 100.000 евра за помош на погодените во разорниот земјотрес во Хрватска.

Со оваа одлука, Владата на Косово им се придружува на земјите кои изразија солидарност со Хрватска.

-Владата изразува посветеност и подготвеност да им помогне на граѓаните и институциите на Хрватска во надминување на тешката состојба со која се соочуваат по земјотресот што ја погоди оваа земја пред неколку дена, се вели во соопштението на косовската влада.

Ден по земјотресот, в.д. претседателот Вјоса Османи и премиерот Авдулах Хоти понудија помош на Хрватска со испраќање припадници на силите за безбедност на Косово за спасување и санирање на последиците од земјотресот.