Коронавирусот ја зеде првата жртва во Владата на Србија. Државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блажиќ, почина од последиците од коронавирусот, пренесува Вечерњи новости.
Бранислав Блажиќ е роден во 1957 година, а завршил Медицински факултет на Универзитетот во Белград. Бил специјалист за општа хирургија, а политичката кариера ја започнал во 1992 година.