Регион 16. август 2020. / 21:41

Кон: Учениците не треба да носат еднослојни платнени маски, туку трослојни

Кон: Учениците не треба да носат еднослојни платнени маски, туку трослојни

Српскиот епидемиолог Предраг Кон пред почетокот на учебната година вели дека во училиштата ќе биде задолжително носењето маски, но не еднослојни платнени – туму трослојни.

Најверојатно ќе се одржува комбинирана настава. За учениците од петто до осмо одделение наизменично ќе се оди на на настава на далечина. Тоа ќе го одреди секое училиште. Овде треба да се нагласи медицинскиот дел, а тоа е задолжителното носење маски. Тие не треба да бидат еднослојни платнени маски, туку трослојни. Тоа е многу важно и не е сеедно. Доколку се почитуваат ваквите мерки тогаш нема да мора да се изолира цело одделение ако дојде ученик со корона вирс, вели Кон за ТВ Пинк.