Регион 03. септември 2018. / 19:05

Коѕијас утре на средба со Чавушоглу

Коѕијас утре на средба со Чавушоглу

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, утре ќе присуствува на свеченото отворање на реновираниот објект на Генералниот конзулат на Грција во Измир, на кое ќе биде и неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, а ќе ја искористат можноста да остварат билатерална средба, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција.

Коѕијас и Чавушоглу ќе разговараат за прашања поврзани со билатералните односи. Како што јави дописничката на МИА од Атина, ова ќе биде прва средба на Коѕијас и Чавушоглу по ослободувањето на двајцата грчки војници.