Регион 18. ноември 2020. / 08:14

Јеремиќ: Бугарското вето е скандалозно и трагична порака за регионот

Јеремиќ: Бугарското вето е скандалозно и трагична порака за регионот

Претседателот на српската опозициска Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека бугарското вето за Македонија е „скандалозно“ и дека тоа може да има последици по европската интеграција на целиот регион.

Тој ја повика ЕУ да го поддржи јужниот сосед на Србија во тој процес, јави допсиникот на МИА од Белград.

– Македонија, заради ветувањето за европска иднина, на инсистирање на Грција, се согласи да го смени дури и името на земјата, а сега Бугарија бара од неа да се понижува со тоа што ќе се согласи со тврдењето дека нејзе има да и заблагодари за својот јазик и култура. Тоа е драматична порака што во голема мера може да ја релативизира европската мантра за добрососедски односи, изјави Јеремиќ.

Според Јеремиќ, сега противниците на европскиот пат на Србија би можеле да кажат „погледнете што им се случи на Македонците, кои поради Грција го сменија името на државата, за потоа да ги дочека уште постешко барање од Бугарија, така ќе ни се случи и нас ако заради ЕУ попуштиме на Косово и Метохија, ќе ни испостават нови барања во врска со Босна и Херцеговина“.