Регион 19. април 2020. / 15:15

Инциденти во прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос

Инциденти во прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос

Најмалку три лица се уапсени, уништени се два автомобили и шатори во инцидентите што во текот на ноќта се случија во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Хиос, објавија локалните медиуми од грчкиот остров.

Мигрантите и бегалците палеле шатори и се судриле со полицијата, а рано утрово ситуацијата била ставена под контрола.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, инцидентите започнале вчера попладне по информацијата дека починала 47-годишна жена од Ирак, но траеле кусо и одново започнале откако во бегалскиот камп се проширила шпекулација дека коронавирусот е причината за смртта на бегалката.

Жената во четвртокот со треска била пренесена во болница, добила лекови и упатства, но била тестирана и за Ковид-19, а резултатот бил негативен.