Регион

Инциденти на протестите во Грција – маскирани лица ја напаѓаат полицијата со пиротехнички средства, а тие пуштаат солзавец (ВИДЕО)

Инциденти на протестите во Грција – маскирани лица ја напаѓаат полицијата со пиротехнички  средства, а тие пуштаат солзавец (ВИДЕО)

„Скопјане, Скопјане никогаш нема да го земеш името”, „Предавници” „Македонија е грчка“

Се дел од извиците на протестите низ солунските и атинските улици. Македонија е Грчка – ова е пораката кој неколку пати досега го носеа грчките граѓани, незадоволни од работата на Владата околу решавање на спорот за името со Македонија. Со грчки знамиња в рака и транспаренти дека Македонија е Грчка, со извици против владата и против Договорот за името од Преспа, кој исто така го нарекоа и „договор на предавство“, со пораки до политичарите дека се предавници, незадоволните грчки граѓани излегоа на улиците низ Солун и Атина во одбрана на името Македонија.

Протестот не мина и без инцидент – поголема група маскирани лица се судрија со полицијата, специјалците беа нападнати со пиротехнички материјали и разни предмети, а полицијата одговори со солзавец, по што имаше и приведени. Покрај полицијата, нападнати но вербално беа и новинарите. Маскираните лица не дозволуваа да се снима или фотографира.

Меѓу насобраните имаше и припадници на Златна зора кои делеа и фрлаа флаери со истата порака како и граѓаните дека Македонија е грчка, а политичарите се предавници, единствена надеж за земјата според нив е нивната партија.

Иако дојде до инциденти, сепак протестот не е масовен, затворени се само неколку улици во делот околу грчкиот Парламент, а има и силно полициско обезбедување. Меѓу демонстрантите има луѓе од сите возрасти, но и свештени лица.

Неаздоволство не покажуваат само граѓаните, грчката опозиција туку и коалицискиот партнер на грчката Влада. По преспанскиот договор се разнишана и грчката Влада. За името не преговараме, ние имаме јасен мандат од народот и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата – беше ставот соопштен на состанокот на националниот совет на партијата на Независни Грци изнесен од страна на актуелниот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, но и го повтори ставот на партијата дека „не го отстапуваат името Македонија на никој и од никоја причина“.

„За нас прашањето со името е тема за која не се преговара. И на крајот на краиштата, грчкиот народ нѐ гласаше за „неопходно добро“. Ние, кога ќе дојде време и ако дојде време, овој мандат од народот ќе го извршиме со најголемото средство што го имаме- наше повлекување од Владата“, вели Панос Каменос – лидер Независни Грци

Пред околу десетина дена Каменос откри и дека од премиерот Алексис Ципрас побарал ратификацијата на договорот кој беше потпишан во Преспа на 17 јули, а кој се однесува на решавање на 27 годишниот спор за името со Македонија, во грчкиот парламент да биде ратификуван со 180 – наместо со 151 пратеник, а по денешниот изнесен став на состанокот, на маса се остава отворена можноста кога Песпанскиот договор ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент – коалицискиот партнер во грчката Влада – Независни Грци да се повлече од Владата. /24 Vesti